Thursday, 30 November 2006
Приказна втора (courtesy of Череп!)
Во истите кризни времиња (види Приказна прва), Русе се кренал на пазар да ја продаде сиреницата. Ја наредил сиреницата на запрега и земал со себе едно од децата, Рафе. Кога стигнале на пазар, Русе сакал да побара добро поставена тезга за побрзо и подобро да помине пазарот. Гледајќи некој туѓинец како се вртка околу запрегата со натоварената сиреница му предложил на Рафе, „Клинчи овде, да не леват манче нешчо!" (Седи тука да пазиш, да не украде нешто туѓинецов). Но, туѓинецот и не бил баш туѓинец, па му одговорил на Русе на сеопшто задоволство, „Оди кинисувај, не леват манче нишчо!" (Терај и немај гајле, не сум туѓинец и ти крадам ништо).
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
3 comments:
Имав коментари (усни) за именката „сиреница“ (сиренце), според кои, поправилно би било „сиреницето“. Некој да го објасни ова? Можеби само се работи за варијанти кои потенуваат од разлилни семејства, т.е. делови на Галичник...
Anybody?
Не раздавај многу смени го!!!!
Butch
Tочно е сиреницето
Второ: за оди се велит гурај
Гурај и немај гајле, не леват Манче нишчо
Post a Comment