Wednesday, 29 November 2006

Приказна прва

Во кризните времиња, кога на пазар не можело да се најде скоро ништо, поминувал Русе на пазар во Гостивар. Гледа Русе, кај Галичанецот што продава брашно, редица без крај. Се приближил до тезгето, божем на брзинка, и го прашал продавачот: „Ал' кеваш пепелаво“? (Имаш брашно?) Овој му одговорил: “Кева, кева“. (Имам, имам) Задоволен, Русе му вратил: “Оклинчи пет трги, ќа догура по една далга.“ (Тргни на страна пет кила, ќе се дојдам по еден саат).

No comments: