Tuesday, 5 December 2006

Галичко-македонски речник

бабјачишче : високо, младо момче
барџан (избарџан) : замачкан (обично, од храна, нпр. околу устата)

бело : млеко
бокле : тешкотија
брбулав : валкан
брбулави : валка
бурбатит, му се : му се лоши/гади (обично од мешање разни храни при јадење)
велвеле : незгода, неволја
вопер : вампир
вочосан : побледен, побелен, неарен
гачка : приказна
жадија : женска
жилка : работа
зазелавен : поднасмеан, завеан
здиплен : починат
здипли : почина
золаво : шеќер
кифчит : заминува
кордаленица : сама жена
кордалец : сам маж
лазарици : години
манче : (непознат) господин, странец
метилавици : овци
не раздавај : не кажувај многу, не прави се паметен
облак : жена
паќа : држава
пангар : сад за пари во црква
пепелаво : брашно
петел : момче
пилави : пари
пулка : девојка
рулек : бебе
скивај : гледај
скивосај го : истепај го
слечко : мрзелив, несреден маж
с'лнта : мрзелива, несредена жена
тешка : бремена
тунџа : вода
цабланко : будалетинка, припрост
цабланко : незрел
шифа : лошо да ти биде од јадење
шлукање : одбирање со чукање
шлукнат : чукнат
шчути : слушај, внимавај и памти


8 comments:

Горан said...

Благодарение на Butch, eве го и првиот Галичко-македонски речник. Очекувам да испраќате коментари, предлози и прилози.

Anonymous said...

Позната галичка изрека -
Тунџосај го белото!!!
хихихихихихихих

Горан said...

хм, коментарот од 'anonymous' за тунџосвењето :) веројатно се однесува на една позната карактеристика на галичанецот, по која тој стои рамо-до-рамо со далечниот истомисленик, шкотланѓанинот (комшиите од Пирот во оваа прилика ќе ги прескокнам, божем случајно)

Mile Boshnjakovski said...

ЕДА ГРДО ЕДА УБАО

Само немојте да престанувате со работа на блогов.

Поздрав

Anonymous said...

Prvo, fala mnogu za blogov, te molam prodolzi!

Recnikot e top, ama fali klucen zbor:

Mutavce - kebe

Pozdrav
Nina :)

Anonymous said...

Пупулен - ококоравен, окат ...

Historian said...

Поздрав за блогот. А за речникот-Браво!

Ево я да додадам уште една битна информация за Галичник и известниот низ целиот свет ритуал-"Галичка свадба".

Повелете:

"Сватбени обичаи в Галичник - Македония, описани на галичко-реканско наречие от Санда Костова Гиновска и записани от Коста Църнушанов"

Anonymous said...

Не барџан туку