бабјачишче : високо, младо момче
барџан (избарџан) : замачкан (обично, од храна, нпр. околу устата)
бело : млеко
бокле : тешкотија
брбулав : валкан
брбулави : валка
бурбатит, му се : му се лоши/гади (обично од мешање разни храни при јадење)
велвеле : незгода, неволја
вопер : вампир
вочосан : побледен, побелен, неарен
гачка : приказна
жадија : женска
жилка : работа
зазелавен : поднасмеан, завеан
здиплен : починат
здипли : почина
золаво : шеќер
кифчит : заминува
кордаленица : сама жена
кордалец : сам маж
лазарици : години
манче : (непознат) господин, странец
метилавици : овци
не раздавај : не кажувај многу, не прави се паметен
облак : жена
паќа : држава
пангар : сад за пари во црква
пепелаво : брашно
петел : момче
пилави : пари
пулка : девојка
рулек : бебе
скивај : гледај
скивосај го : истепај го
слечко : мрзелив, несреден маж
с'лнта : мрзелива, несредена жена
тешка : бремена
тунџа : вода
цабланко : будалетинка, припрост
цабланко : незрел
шифа : лошо да ти биде од јадење
шлукање : одбирање со чукање
шлукнат : чукнат
шчути : слушај, внимавај и памти
Tuesday, 5 December 2006
Thursday, 30 November 2006
Приказна втора (courtesy of Череп!)
Во истите кризни времиња (види Приказна прва), Русе се кренал на пазар да ја продаде сиреницата. Ја наредил сиреницата на запрега и земал со себе едно од децата, Рафе. Кога стигнале на пазар, Русе сакал да побара добро поставена тезга за побрзо и подобро да помине пазарот. Гледајќи некој туѓинец како се вртка околу запрегата со натоварената сиреница му предложил на Рафе, „Клинчи овде, да не леват манче нешчо!" (Седи тука да пазиш, да не украде нешто туѓинецов). Но, туѓинецот и не бил баш туѓинец, па му одговорил на Русе на сеопшто задоволство, „Оди кинисувај, не леват манче нишчо!" (Терај и немај гајле, не сум туѓинец и ти крадам ништо).
Wednesday, 29 November 2006
Приказна прва
Во кризните времиња, кога на пазар не можело да се најде скоро ништо, поминувал Русе на пазар во Гостивар. Гледа Русе, кај Галичанецот што продава брашно, редица без крај. Се приближил до тезгето, божем на брзинка, и го прашал продавачот: „Ал' кеваш пепелаво“? (Имаш брашно?) Овој му одговорил: “Кева, кева“. (Имам, имам) Задоволен, Русе му вратил: “Оклинчи пет трги, ќа догура по една далга.“ (Тргни на страна пет кила, ќе се дојдам по еден саат).
Зашто е овој блог?
Затоа што во разговор со братучедите установивме дека еден од македонските жаргони, таканаречениот пословечки говор, е на работ на истребувањето, па би сакале да се обидеме на овој начин да го овековечиме. Или, можеби, да го ре-актуализираме. ;)
Засега постовите ќе бидат во писмена форма, додека не се договориме да има и звучни постови, кои ќе помогнат да се сочува и специфичната мелодија на пословечкиот говор...
Овој жаргон, според нашите први сознанија, го користеле Галичаните откога се отселиле по градовите низ Македонија, како таен, шифриран јазик, за побрзо и/или полесно да ја избркаат работата, притоа користејќи се со познанствата (и кредитите!) од стариот им крај.
Според некои, говорот го развиле гурбетчиите, кога при враќањето дома донесувале новини во говорот што ги разменувале и надополнувале.
Во перспектива, на овој Блог би можеле да додаваме и други интерени постови врзани за животот во ова без дискусија, култно место во Македонија :)

Subscribe to:
Posts (Atom)